Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во изјава за грчки „Етнос“ вели дека ДУИ е таа партија која ќе го бара мандатот за да состави Влада, иако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиции освоија далеку повеќе пратенички места на предвремените парламентарни избори во средата.

Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Македонија ќе учествува во нашата владина коалиција “, рече Османи за „Етнос“ во денешното електронско издание.

ДУИ на предвремените парламентарни избори освои 15 мандати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.