Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, које е домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, Словенија Анже Логар и на Чешка Јакуб Кулханек, порача дека ова е европски ден за Македонија.
Тој истакна дека заедничка посета на три силни поддржувачи на европската перспектива на земјава праќа силна порака на поттик до граѓаните, не само на нашата земја, туку и на целиот регион.
Османи изрази благодарност за континуираната поддршка, но и за напорите на ЕУ и покрај глобалниот недостиг на вакцини за нашиот регион.
Неформалната група Ц5, но и соодветно на географската близина, Австрија, Чешка, но и Словенија како следен претседавач со ЕУ и останатите земји од оваа група претставуваат непосредно соседство на Западниот Балкан. Покрај принципиелната поддршка во чија основа се и нашите резултати, имаат и силно изразен интерес за напредок на целиот регион, имаат широки и длабоки познавања за состојбите во нивното непосредно соседство што ги прави силни политички авторитети во ЕУ секогаш кога на маса се прашањата за нашиот регион – изјави Османи.
Тој порача дека нивната поддршка е навистина цврста, конзистента и долгорочна.
Ние денеска не го усогласувавме нивниот став затоа што нивниот став по однос на европските интеграции на регионот и на Македонија одамна е познат. Јас денеска побарав и добив силни пораки на согласност од колегите дека оваа нивна енергичност, овој напор и гласност во рамки на Унијата ќе продолжи. Во овој условно асиметричен спор со кој се соочуваме се разбира ни се потребни пријатели за да ни озвоможат и фер платформа и фер политички простор за да можеме преку дијалог да ги отстраниме пречките за продолжување на нашите европски интеграции – нагласи Османи.
Тој посочи дека одговарме на соодветен начин, со нашето одговорно и зрело поведение, со продолжување на реформите, претежно во областите со европски предзнак и кои имаат фундаментално значење.
Се обврзав дека ќе продолжиме и ќе ги зајакнеме нашите напори за надминување на разликите со Република Бугарија. Се обврзав дека ќе понудиме наш придонес и како позитивен пример за соседните земји кои се уште имаат отворени прашања и кои се исклучително важни за целиот регион. Исто така го реафирмирав нашиот став кон регионална соработка како еден од поголемите успеси на ЕУ на Балканот – изјави Османи.
Тој изјави дека со вложената политичка волја и напори премногу е ставено на залог и дека сме преблиску за да ја пропуштиме оваа можност.
Вашето присуство во земјата е навремено, точно 30 дена пред јунските состаноци на ЕУ кога би требало конечно да се оствари одлуката, да се отворат преговори од март оваа година преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. И да не можеме тоа да го направиме заедно, времето е сега, ова можеме да го направиме само со несебична поддршка од нашите пријатели – изјави Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.