Денеска во Стокхолм, следната година во Варшава, а во 2023 година во Скопје. Интензивен, динамичен но крајно продуктивен ден на Министерскиот совет на ОБСЕ, напиша на официјалната страница на Фејсбук Бујар Османи, министерот за надворешни работи.
Тој во рамките на учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ имаше свое обраќање на пленарната сесија на Советот.
Во својот настап пред министрите на земјите учеснички Османи ја нагласи потребата за заедничко справување со предизвиците со кои се соочува регионот на ОБСЕ, но и пошироко – како транснационален тероризам, закани од трговија со оружје, масовна миграција и растечки хуманитарни кризи. Организацијата со својот мандат и алатки може позитивно да придонесе во таа насока, за што е потребна поголема политичка волја и поддршка од страна на самите држави.
Како иден претседавач со Организацијата во 2023 година, Македонија ќе работи на зачувување и промоција на основните вредности и принципи на ОБСЕ, почнувајќи уште од почетокот на следниот месец, како дел од триото претседавачи, задно со Полска и Шведска, истакна Османи.
Во рамките на своето обраќање министерот ја посочи Македонија како пример на функционална мултиетничка демократија, во хармонија со вредностите и обврските на ОБСЕ. На крај Османи ја истакна и важноста на европската перспективата за регионот, како важен фактор за неговата безбедност и стабилност.
На маргините на министерскиот совет, Османи оствари средби со колегите од Финска, Полска, Романија,н Малта, Австрија, шефот на делегацијата на Франција, и со претставничката за слобода на медиумите на ОБСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.