Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „’Пост’ – пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”
Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати заедно со негови хомолози и претставници од повеќето земји од нашето пошироко соседство, каде ќе ги претстави погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања поврзани со евро-атлантската перспектива на нашата држава и регионот на Западен Балкан.
За време на престојот во Дубровник, министерот Османи ќе оствари повеќе билатерални средби со шефови на дипломатии на земји-членки на ЕУ и други високи претставници од Европа и САД, стои во соопштението од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.