Денеска е многу важен ден за нас, еден од најпозитивните моменти после октомвриското разочарување во Брисел кога неуспехот на ЕУ да постигне консензус за продолжување на процесот создаде разочарување, непредвидливост и го разниша кредибилитетот Унијата во Западниот Балкан, меѓутоа и меѓусебната доверба меѓу Унијата и Балканот. Денеска е првиот ден кога процесот на враќање на кредибилитетот почнува силно и позитивно – истакна денеска на прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Оваа иницијатива на Европската комисија, посочи, е добра основа за динамизирање на процесот за враќање на кредибилитетот и довербата, меѓутоа и за втемелување во клучните приоритети на Комисијата и враќање на Западниот Балкан во геостратешките приоритети на ЕУ, со оглед на тоа дека за ЕУ геополитиката почнува на Балканот.

Османи појасни дека новата ЕК предвидела неколку чекори, за да може успешно да биде финализиран процесот, што сме го почнале пред неколку години. Како прв чекор, нагласи, беше предвидена потребата за ревизија на методологијата, второ донесување одлука за започнување преговори и трето донесување план за економски развој на регионот на Самитот во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.