Се’ додека одлуките за проширување на ЕУ се носат со консензус, Бугарија може да не’ блокира за било кое прашање. За прашањето на реката Вардар дали е чиста или не може да најде причина и да не блокира, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто на Радио слободна Европа.

Посебно сега  со новата методологија кога повеќе моќ е дадена на земјите членки на сметка на Комисијата (ЕК-н.з.), плус процесот има основ за реверзибилност, односно да се врати од почеток, па можат да го блокираат кога сакаат – вели Османи.

Министерот вели дека се направени пресметки колку пати тоа може да се случи: Ние сме калкулирале, може 200 пати во текот на процесот, Бугарија да го блокира процесот на преговорите, вели Османи за РСЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.