Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретана со амбасадорката на САД во Република Македнија, Кејт Мари Брнз, при што и се заблагодарил за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава.
Остануваме посветени на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија, како еден од главните приоритети на нашата надворешна политика, сега веќе проширено и со партнерството во северноатлантската алијанса – изјавил Османи.
Како што соопштија од МНР, Османи се осврнал на успешно спроведените фер и демократски избори, укажувајќи дека Владата од првиот ден ќе продолжи со реформските процеси и со остварувањето на зацртаните приоритети.
Членството во НАТО, не само што е валоризација на претходно остваренoто, туку е и силен поттик за натамошна длабинска трансформација на општеството, во пресрет на почетокот на преговорите со Европската Унија – истакнал Османи, посочувајќи ја земјава како силен и искрен партнер на САД во регионот.
Амбасадорката Брнз му го честитала на министерот Османи преземањето на новата должност и му посакала успех во работата, реафирмирајќи ја притоа силната поддршка на американската влада за продолжување на нашата реформска агенда посочувајќи и на стратегиското партнерство меѓу двете земји, дополнително зацврстено и преку сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.