Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска по неговата прва средба со новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, изјави дека е охрабрен и со поголема надеж оти е остварлива целта за почеток на преговорите за членство со ЕУ на пролет, но дека за тоа е потребно да се донесе законот за јавно обвинителство.
– Нема формална одлука на Советот во јуни 2018 и 2019 дека законот за јавно обвинителство е услов за започнување на преговори, меѓутоа очигледно земјите членки на ЕУ се многу сензитивни по ова прашање, така што независно што формално не стои како услов, мислам дека работата ќе се прекрши кај земјите членки со овој закон, односно ако се донесе, работата ќе се прекрши за сите да кажат да, изјави Османи за МИА по состанокот со Вархеји.
Османи ја искористи можноста да ги повика сите чинители во земјава да вложат напор за изнаоѓање консензус околу гласањето на овој закон.
– Тоа е двотретински закон, затоа ја користам оваа можност да ги повикам сите да најдеме начин да постигнеме консензус за ова прашање. Разговорите ќе почнат овие денови со сите чинители во општеството, рокот ни е до 11 февруари кога се распушта Собранието, потсети вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.