Бујар Османи, министер за надворешни работи во Македонија, во „Емисијата 200“ на Алсат зборуваше за проблемот со Бугарија, истакнувајќи дека ако во декември нема решение, земјата ќе остане изолирана.
Османи рече и дека доколку решението не се донесе во декември и Албанија ќе почне да се отцепува од пакетот.
Никој не може да биде сигурен дека ќе има решение во декември, но оти нема да има решение ако се дестабилизира владата без безбедна алтернатива, тоа е сигурно. Имаме можност во декември, мислиме дека има услови тогаш да ја одржиме првата меѓувладина конференција и треба да го искористиме овој момент. Доколку тоа не се направи во декември, секако Албанија ќе почне да се отцепува од пакетот што ќе има други последици за нас, ќе се создаде лажна перспектива дека европскиот процес тече, а Македонија ќе остане изолирана, а тука сите ќе имаме последиците“, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.