Коментирајќи ги разговорите кои што СДСМ ги лиферуваше за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски во гостувањето на Алфа телевизија, во емисијата „Заспиј ако можеш“, истакна дека овие бомби Заев ги има чувано во рака подолго време со цел да ги уценува пратениците на опозицијата.

Тој откри дека според сведоштвото на обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, од нив се барало да се укинат притворите за пратеници бидејќи тие ќе треба да гласаат за промена на името, посочувајќи дека веројатно биле уценувани со вакви нелегално снимени разговори.

Веројатно овие бомби си ги чувале во рака како што впрочем беше и со оние 8-мина за кои впрочем постојат сведоштва забележани, сведоштва како и на кој начин биле уценувани. Не заборавајте на сведоштвото на Лиле Стефанова пред Вилма Рускоска во врска со случајот Рекет. Лиле Стефанова објаснува дека на Вибер им пуштиле порака, вака и вака, ослободите ги луѓето, укинете ги приговорите, утре треба да се гласа за промена на името – рече Митовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.