Неможноста на европскиот совет да постигне консензус за нашата одлука е историска грешка и неправда. И Европслиот парламентот го потврди тоа. Чувството на разочарување не треба да се оддалечи од патот на реформите и од патот на пријателството со другите држави. Немаме право да се предадеме. На маса сме со најмоќните, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи. Тој пред присутните на собраниската комисја објасни што се случувало во Брисел.
На собраниската комисија за европски прашања на која се дискутира за неуспехот на нашата земја со недобивањето на датумот за преговори се присутни пратеници претставници на невладиниот сектор и дипломатскиот кор.
Со одлуката од јуни минатата година го започнавме обврзувачкиот скрининг, сите признанија нè охрабрија да ја очекуваме позитивна одлука. Оваа седница не е свикана за да си честитаме, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.