Не коментирам шпекупации е кратката изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи  за „Плусинфо“ дека Бугарија барала нов Договорм налик на Преспанскиот со уставни измени.Во него би се потврдило дека македонскиот јазик потекнува од 1945 година.

Ова денеска го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точни дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.