Четворица починати, а 101 новозаболени од ковид-19 денеска, соопшти Министерството за здравство. Од денови кога бројот на новозаразени беше под десет, Македонија денеска го живее вториот бран на болеста, иако првиот уште не ни заврши.

Во меѓувреме, од СДСМ ги користат сите инструменти со кои располагаат, меѓу кои и министерот за здравство Венко Филипе и Комисијата за заразни болести, да протуркаат избори на 5 јули. Во координирана офанзива заедно со лидерот Зоран Заев, наместо против болеста, тргнаа против „лажни вести“. И за Филипче и за Заев лажна е веста дека тонеме со новозаразени и имаме најмногу починати во регионот.

Можеме да се носиме со кризата, порача денеска Заев.

Според него, како и според техничкиот премиер Оливер Спасовски кој е во самоизолација како и пола врв од партијата, одличен е датумот за избори кој си го избраа.

Епидемијата е под контрола, додава оркестрирано Филипче.

Додава дека „го избегнавме италијанското сценарио“, ама не сака да признае колку лошо е македонското сценарио.

За разлика од Македонија, која вчера имаше 76 новозаболени, Србија дијагностицирала 24 нови случаи, Албанија 21, додека соседите на исток и југ, Бугарија и Грција по 19. Босна и Херцеговина има 11 нови случаи, а две позитивни лица ја дополнуваат статистиката во Црна Гора. Хрватска нема нови случаи вчера исто како и Црна Гора која веќе се води како надвор од пандемијата.

(Графика: Сител)

Оваа бројка на заразени, сè низ што поминаа граѓаните изминатите три и пол месеци, е  само одраз на слабата организација во борбата против пандемијата. Тек замислете што нè чека кога и економијата ќе го наплати својот данок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.