Златко Ориѓански, музичарот кој настапуваше во неколку кампањи на СДСМ, е директор на новиот Културно-информативен центар на Македонија во Тирана. На функцијата е именуван со одлука на Владата на Заев во јули 2019 година.

Ориѓански објави неколку постови за актуелната политичка состојба и формирањето ново парламентарно мнозинство.

Во едниот пост, кој очигледно се однесува на вчерашната средба на опозиционите лидери и генерални секретари по која беше објавено новото парламентарно мнозинство, се обраќа со навреди кон политичките противници.

Претходно, во пост, веројатно алудирајќи на Заев, Ориѓански, објави поддршка за премиерот во оставка.

Човекот имаше прекрасни намери, ама за жал, некаше со кого да ги оствари. Ќе талкате уште многу години како глуви кучиња, жедни во пустина, загубени, алчни, љубоморни и пакосни, сонувајќи бистра вода и нови светови – порача Ориѓански.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.