Собранието попладнево го прифати предлогот Орхан Адеми да биде избран за заменик на главниот државен ревизор. Адеми по изборот даде свечена изјава пред пратениците.

На денешната 131-ва пленарна седница беше избран и Арбр Исаку за член на Советот на јавни обвинители и Валентина Димовска за член на Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

Беа донесени и неколку одлуки за испраќање на припадниците на Армијата во мировните мисии во Босна и Херцеговина, Авганистан, Централно африканската Република и Либан.

Пратениците ги донесоа и измените на Законот за Државната статистика по што е дадена пауза од половина час.

На дневен ред на денешната седница се 72 точки од кои поголем дел се закони што треба да се донесат по скратена постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.