Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците, им поделил буквари на албански јазик на неколкумината ученици од велешкото село, кои од неодамна почнаа да посетуваат настава на албански јазик. Притоа, тој не заборавил да направи фотографија со разлетан орел со прекрстени раце, симбол од албанското знаме, кое го користат Албанците.
Под фотографијата објавена на INA- Iliria News Agency, стои
Зијадин Села ги посети децата во Велес и покажа дека тука ќе се зборува SHQIP! Гест што секој албански политичар треба да го направи!“
Политичарите од албанскиот политички блок, „се разбудија“ откако медиумите објавија дека 7 деца во селото Стари Град, општина Чашка, каде живеат 50 жители, учат на македонски јазик, па очигледно побрзале да им однесат книги на албански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.