Сашо Орданоски еден од уредниците во 1ТВ , еден од „ведетите“ на сега веќе „мртвата“ 1ТВ, во периодот кога работел во периодот додека работел кај Бојан Јовановски соработувал и со СЈО, пишува „Канал 5“.

Според алатката на Министерството за Финансии, наречена „Отворени финасии“, Ордановски 8 пати во текот на 2018 година добил средства од СЈО во вкупна вредност од 255.000 денари.
Она што е крајно симптоматично е фактот дека „колегата“ Орданоски, додека работел за медиум, во овој случај 1ТВ, во тој ист период поседувал и СЕРТИФИКАТ ЗА ДРЖАВНА ТАЈНА, и примал средства од СЈО!!!
Изгледа неверојатно, но се отвара ли можност да се поврзат овие 4 моменти ( 1ТВ, Орданоски, Јанева, Сертификат ) во една точка – која точка, ви оставаме сами да си ја замислите?Она пак што е непознато, и што јавноста треба да го дознае – дали сертификатот бил добиен по евентуален налог на Катица Јанева. или некоја друга институција , на која основа му се исплаќани средствата на Орданоски, и како е можно никој во државава тоа да не го нотирал, и истовремено да реагирал?
Покрај ова новинарската фела веќе подолг период се прашува – на кој начин се исплаќаа дел од надоместоците на вработените и хонорано ангажираните лица во 1ТВ и зошто никој од медиумите не ги заштити многуте чесни лица и професионалци кои работеа во СЈО, и честопати ставајќи ја сопствената глава во торба, се обидуваа да влезат во трагите на криминалот?
За крај, Добро утро и од нас, Сашо, коментира Канал 5 во текстот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.