Три дена пред изборите пристигна силна поддршка од унгарскиот премиер и претседател на владејаката партија Фидеш до сестринска ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

Исправени сте пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори. Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани. Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели, вели Орбан.

Сепак, вели Орбан, изборот е на народот, кој ќе избере влада која ќе дава повеќе од досегашната влада на власт.

Сепак ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината. Веруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош со цел што побргу да станете земја-членка на Европската унија, вели Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.