Општина Василево ги закрпи дупките на локалниот пат кон селото Добрашинци, кои подолго време не беа покриени со асфалт и претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот.
Со оваа активност општина Василево решава еден сериозен проблем за сите учесници во сообраќајот на овој особено фреквевентен локален пат, преку кој со општина Василево се поврзуваат и останатите населени места од Подогражденскиот регион. Крпењето на дупките, како времено и единствено возможно решение во моментот со оглед на финансиската состојба на општината, значи зголемена безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот на оваа делница, рече градоначалникот на Василево, Славе Андонов.
Викендот во населеното место Добрашинци се асфалтираа две улици во должина од 165 и 100 метри и ширина од по околу 3,2 метри. За нив од општинската каса се потрошени 946 илјади денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.