24 милиони евра е вкупниот долг на Општина Тетово, објави градоначалникот Биљал Касами на седница на општинскиот совет. Тој на советниците им поделил листа на обврски на општината како кон јавниот така и кон приватниот сектор. Меѓу нив имало и некнижени договори и ставка именувана како сомнителни обврски.
Сакам да го информирам советот за извештај кој е подготвен и кој ќе биде објавен јавно. Досега е констатирано дека Општина Тетово има над 864 милиони денари, училиштата над 4 милиони, ЈКП Тетово над 596 милиони, градски паркинг над 11 милиони денари или вкупно една милијарда 477 милиони 120 илјади и 659 денари или 24 милиони 18 илјади и 222 евра, истакна од говорницата градоначалникот Биљал Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.