Донесовме одлука од наредна година за прв пат да доделуваме стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети, објави денеска градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.

Иницијатор на оваа мерка е здружението ,,Ретко е да си редок’’ кое работи на проекти и програми за поддршка и инклузија на лицата со ретки болести.

Стипендиите значително ќе им помогнат на децата и младите од оваа категорија и ќе им овозможат остварување на поголеми образовни успеси, пишува во својата Фејсбук објава Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.