Советот на Општина Новаци ја прифати иницијативата на градоначалникот Стевче Стевановски, буџетските средства планирани за новогодишно украсување на општината да се пренаменат и употребат за добротворни цели.
Средствата ќе ги користат социјално загрозени семејства и жители на Општина Новаци, информираа од тамошната локална самоуправа.
Советот на Општина Новаци одлучи да набави таблети за 14 деца од четврто одделение кои работат и следат настава според концепција за основно образование преку електронски учебници.
Советниците на денешната седница ја разгледаа и усвоија измената во програмата за животна средина за 2021 година и правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Новаци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.