На предлог на градоначалникот на општина Неготино од ВМРО ДПМНЕ, Горан Стојанов , врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на општината, советниците во Советот на општина Неготино ја усвоија одлуката за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во општина Неготино, информираа денеска од општинската Служба за односи со јавност.
Со одлуката, општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на општина Неготино, ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете. Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од буџетот на општина Неготино за 2021 година, како помош за новороденчиња. За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.