Одделението за администрирање приходи на општина Крушево започна со подготовка на известувања и опомени до граѓаните за подмирување на обврските за данок на имот. Опомените ќе бидат доставени до граѓаните во наредните денови.
Ги известуваме граѓаните дека доколку не се подмират обврските општината ќе пристапи кон присилна наплата. Сите заостанати долгови ќе бидат наплатени.
Плаќањето на давачките кон општината не само што е обврска туку претставува еден процес кој се враќа повторно кон граѓаните. Плаќањето на даноците значи дека општина Крушево ќе има средства за активности и проекти кои се од општествен интерес. Уплатените пари од страна на граѓаните повторно се враќаат назад и овозможуваат развој на општина Крушево, велат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.