На официјалната страна на системот за јавни набавки објавен е оглас во делот на склучени договори од страна на oпштина Гази Баба додека во делот на вредност на склучениот договор сума од 14.000.000 денари.

Она што е симптоматично според критичарите е дека има се поголем број на вработувања како се наближуваат локалните избори. Познавачите велат дека иако владата ветувала кратење на непотребните вработувања и намалување на администрацијата забележани се се поголем број на вработувања во општините и во државните институции што се коси со изјавите на претставниците на власта.

Дополнително поразително е дека голем дел од општините се во долгови поради неефикасно менаџирање на буџетот додека државата и понатаму им ги простува долговите кои ги праваат. Власта пред да седне на владејачкото столче ветуваше транспарентно и домаќинско работење со парите на граѓаните но во изминатите години тоа не е случај велат критичарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.