Во кривичен суд во тек е судското рочиште за „Општина Центар“, на кое Обвинителството ги изведува материјалните докази. За разлика од другите судски предмети на СЈО, каде што доказите се изведуваа на видеобим во паувер поинт програма, на ова рочиште судскиот совет одлучи доказите да се читаат без увид за јавноста на истите.

Одбраната реагираше на начинот на кој се изведуваат материјалните докази, бидејќи повеќето од документите се без потписи, без архивски броеви и печати. Тие предложија доказите да се презентираат на видеобим за да може да приговараат и да ги коментираат пред јавноста.

Голем дел од доказите не се во оригинална форма и ниту ги имаат потребните заверки за да можат да претставуваат докази, рече адвокатот Еленко Миланов.

Судијата не дозволи презентација, па обвинителот продолжи со читање на материјалните докази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.