Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат, ова вечерва експресно преку соопштение до јавноста го порачаа од општина Битола.

„Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст. Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство“, велат од општината.

Додаваат дека декоративните елементи немаат никаква политичка или тенденциозна цел. Нивната функција е единствено да внесат убавина во нашето секојдневие и да ни помогнат што полесно да ја пребродиме оваа нова реалност.

„ЗДРАВЈЕ какво што сите посакуваме нека не исполнува, а Битола нека зрачи со светлината која нејзините граѓани ја заслужуваат“, велат од општина Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.