Поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски ја истакнува важноста на посетата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на Унгарија, Хрватска и Словенија во време кога расте загриженоста што ниту една висока делегација од странство не доаѓа во официјална посета на Македонија, ниту пак некој ги кани нашите високи претавници на гости.
Делегација на опозицијата направи корисна турнеја низ неколку пријателски земји што секако ќе ја поттикне поддршката на нашата земја на патот кон ЕУ. Загрижува, меѓутоа, што ниту некоја висока делегација доаѓа кај нас во последниве години а уште помалку власта е поканета некаде да оди. Тоа се случува во период кога сме повторно блокирани и уценети што покажува огромен неуспех на нашата дипломатија а, со тоа, и на државата. Во ситуација кога се работи да се биде или не, дипломатијата е десеткувана без амбасадори во ДКП-еата што наликува дури и на некаква саботажа, вели Никовски во изјава за Курир.
Тој додава дека периодот пред нас е драматичен а очигледно е дека власта нема ниту идеја како да ги надмине проблемите со кои сме соочени и на надворешен ама и на домашен план, освен со виткање на ’рбетот, а камоли некаква стратегија. Таквите политики водат во неизбежен пораз.
Тоа ја нагласува улогата на опозицијата која мора полека ама сигурно да ги зема работите во свои раце, да го води наодот, се’ до победа на следните избори, по што ќе се отвори и некаква перспектива. Во спротивно, сите ќе доживееме национална и државна катастрофа, кон која незапирливо се движиме последните неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.