Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка доколку СДСМ, во вкупен износ, има помалку гласови за советничките листи во општините по првиот изборен круг в недела.
Кусо и отсечно „не“ беше неговиот одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Изборите за советници во 80 општини и во Градот Скопје се спроведуваат во еден изборен круг, според пропорционален модел а изборите за градоначалници, кои се според мнозински систем, во два изборни круга.
На полноќ стапува во сила забраната за објавување испитувања на јавното мислење пред изборите на 17 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.