Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се вакцинираше против ковид-19 со вакцината „Синофарм“ во вакциналниот пункт во Куманово.
Денеска, во вакциналниот пункт во Куманово, ја извршив личната и граѓанска должност со апликација на првата доза од вакцината на „Синофарм” за заштита од ковид-19, согласно националниот план за имунизација.
Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски.
Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата www.vakcinacija.mk – само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот, напиша Спасовски на својата Фејсбук страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.