Здравствената состојба на министрот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е влошена. Ваквата информација се рашири по социјалните мрежи. Република се обиде да добие одговор од Министерството за внатрешни работи, но никој не одговара на телефонските повици.

Оливер Спасовски вчера бил префрлен од Инфективна клиника во приватна „Жан Митрев“. А обичниот граѓанин во државните болници во Прилеп, Штип и Куманово?!? – гласи еден од твитовите во кои се посочува дека министерот Спасовски е хоспитализиран во приватна клиника.

МВР не одговара на повиците, а јавноста има право да знае што се случува со министерот за внатрешни работи. Која е причината поради која тој е префрлен на приватна клиника? Дали државните клиники не можат да понудат соодветна нега?! Дали Министерот не верува во здравствениот систем со кој рајоводи Венко Филипче?!

Ова се само дел од низата прашања на кои институцијата со која раководи Оливер Спасовски треба да одговори.

ОБНОВЕНО: МВР ја демантира ваквата информација. Оттаму велат дека се работи за дезинформација и дека министерот Спасовски е на домашно лекување од понеделникот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.