Неодамна Државната комисија за решавање на приговори од работен однос во втор степен (читај претседателката Даница Чадиева), во редовите на Министерството за внатрешни работи пронаша редок примерок на човек – рамен на супермен, кој и додека е на боледување, односно отсуство паралелно со здравите колеги, може рамноправно да ги решава проблемите во Министерството, коментираат од Синдикатот на полицијата во Македонија и јавно бараат комплетно распуштање на заменик-министерот и неговиот кабинет, распуштање на целиот кабинет на Директорот на бирото за јавна безбедност, распуштање на Државниот секретар итн, итн…., бидејќи „со нашиот човек воопшто нема потреба наведените и да постојат од причини што истиот е решение за сите проблеми!“.
Сигурно ќе се запрашаме зошто наведените би работеле кога имаме редок примерок на човек – рамен на СУПЕРМЕН кој што во секое време е спремен дури и во времето поминато во изолација да ги преземе НАЈТЕШКИТЕ ОДЛУКИ и да потпишува решенија за распоредување, решенија за дисциплински казни, писмени наредби итн, итн…и сето ова ЗАМИСЛЕТЕ законски! Министре Оливер Спасовски, Синдикат на полиција во Македонија ти благодари што постоиш и тука си присутен за СЕ, да им ги решаваш проблемите на вработените дури и кога си на БОЛЕДУВАЊЕ односно изолација. Капа доле ти симињаме брат…, коментираат оттаму.
Тие посочуваат и друг про кој создава непоправлива штета.
Очигледно една од најголемите непрофесионалци во своето работење, за нез ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО е „мисловна именка”, жена што очигледно се става во интерес на партијата пред државата и законите, потписничката на ОВА СРАМНО РЕШЕНИЕ…. Па ако тебе не ти е срам, нас не ни е да ти кажеме : СРАМ ДА ТИ Е и тебе и на целата комисија!
Еден ден ќе дојде денот кога ти и твојата комисија со која незаконски работите ЌЕ ОДГОВАРАТЕ! Најдобро е веднаш и Вие ама ВИСТИНСКИ самораспуштете се и престанете да им причинувате ЗЛО на вработените во Полицијата со Вашите незаконски издадени решенија по проговорите!
На самиот крај ОНА ШТО НЕ НИ Е ЈАСНО како Полиција е прашањето како и на кој начин на лице му се носеле акти за потпис додека истиот БИЛ ВО ИЗОЛАЦИЈА. КАКО??? Влада на Република Македонија, има ли пилот во авионот???, прашуваат од Синдикатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.