Програмата за Куманово е направена веќе една година од мене и од мојот тим, рече Оливер Илиевски кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ.
Направена преку анкета со граѓаните, одејќи од едно до друго населено место, со нотирање на сите проблеми во Куманово, кои патем се познати. Но ние ги ставивме на хартија, пресметавме колку чинат и од кои финасиски средства ќе се финансираат. Затоа имаме макро проекти, кои се однесуваат на целиот град, како што е изработката на ГУП-от кој Куманово веќе дваесет години го нема, и од друга страна микро проекти од кои најважни се обезбедување водовод и канализација, асфалтирани улици, детски катчиња, спортски терени и места каде сите граѓани ќе можат да се дружат. Морам да кажам дека најголем дел од проектите кои беа ветени во 2017 ништо не е реализирано: инфраструктура, чист воздух и животна средина, нови паркинзи и гасификација, катни гаражи, нови паркови и друго, ништо од тоа не е направено и затоа јас како иден градоначалник ќе ја имам можеби најтешката задача, затоа што треба да ги реализираме оние проекти кои не се реализирани и плус да додадеме и други, нови, истакна Илиевски.
Тој рече дека централната власт во изминатиот период инвестирала во образованието, но тоа се уште не доволно, затоа што останува проблемот за решавање со двете училишта на албански јазик и во многу основни и средни училишта во Куманово каде се уште протекуваат покривите, сите училишта немаат спортски сали. Во последните години преку Владата биле изградени три спортски сали, но тоа не е доволно.
Јас би сакал во сите населби да има спортски терени и мини детски катчиња. Куманово има многу проблеми меѓу кои е и сообраќајниот метеж кој може да се реши со подземни сообраќајници и паркинзи за 700 возила, рече Илиевски во дебата на ТВ Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.