Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва гостува во дебатниот магазин на ТВ21.
На прашање на модераторот околу тоа дека по првиот круг од локалните избори во првите 48 часа имаа некаков молк во партијата, а вчера излегоа на прес конференција во која порачаа да се обединат за да произлезат надвор, Заев истакна дека не им било лесно, односно дека не очекувале таков резултат.
„Задоволни сме, имаме 9 општини со избрани градоначалници од редовите на СДСМ и коалицијата, 19 општини водиме во првиот круг, а се влезени во вториот круг. Од 32-те апсолутно само со математиките на обединувањето, затоа што правиме обединување затоа што имаме сериозна државна национална коалиција, исто така стануваат 22 каде што водиме, ама имаме шанси во 32. Тоа го покажува грубата аналитика која ја имаме“, посочи Зоран Заев.
Вели вториот круг се важна работа затоа што се важни општините, важен е градот Скопје.
-Животот на граѓаните се случува повеќе на покално ниво. Затоа е многу важно какви градоначалници и политики ќе одлучат граѓаните да се имплементираат во следните 4 години – вели тој.
Тој е убеден дека многуте независни листи и кандидати не се последица на лошата политика на СДСМ туку на слободата и демократијата што тој ги донел. Но во вториот круг кога се стеснила главно борбата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ верува дека граѓаните ќе ги изберат нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.