Околу 20 родилки досега се потврдени како позитивни на Ковид 19 на скопската Клиника за Гинекологија, потврди за „Фокус“, директорката Викторија Јовановска, додавајќи дека очекуваат поголем наплив на пациентки заразени со опасниот вирус.

Не знам како ќе постигнеме. Досега имаме околу 20 позитивни родилки на корона вирусот, а очекуваме уште повеќе. Изолациониот дел е речиси преполнет, а лошото е тоа што веќе не знаеме која родилка е позитивна, која не. Речиси на сите им земаме брис, но додека да стигнат резултатите некои веќе мораме да ги породиме – тврди доктор Јовановска.

Во моментот, во изолациониот оддел одат пациентките кои доаѓаат од Чаир, со оглед на тоа што таму заклучно со вчера имаше 302 активни случаи. Исто така, во изолација директно одат и родилките кои доаѓаат од Тетово и Штип, кои што во моментот се сметаат за кризни подрачја, односно таму има најмногу заболени од Ковид 19.

Добро е тоа што досега немаме заразен персонал, освен неколку што беа во самоизолација. Но, сега се вратени. Персоналот е преморен и не знам како ќе продолжиме со тоа темпо понатаму. Тоа што е уште пострашно е што бројката на позитивни може да продолжи да се зголемува – вели доктор Јовановска.

Извор: Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.