Се враќа фреквенцијата на патници на граничниот премин со соседна Република Бугарија, Деве Баир, кај Крива Паланка. Од полноќ преку Деве Баир во државата влегле 140 патници, а излегле 160, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир.
По вчерашната одлука на Владата на Република Бугарија, македонските државјани може да патуваат во Бугарија, мерките се делумно олеснети за влез во соседна Бугарија, со тоа што услов е патниците да имаат негативен ПСР-тест не постар од 72 часа.
Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир посочија дека малку е по голема фреквенцијата на патници, бројот на сите кои досега минале гранична контрола е вкупно триста, и странци и македонски државјани.
Товарниот сообраќај за време на целата пандемија со Ковид-19 се одвива редовно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.