Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев на својот Фејсбук профил напиша статус во кој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се залага за зачувување на македонските национални интереси, продолжување и шириње идеата на Гоце, Даме, Карев, Ченто, Богдановски, но и плејада на родољубиви патриоти кои животот го посветија на самостојна и суверена Република Македонија. Тој исто така напиша дека партијата не е на распродажба.
Во продолжение може да го прочитате целосниот статус.

ВМРО ДПМНЕ е историја,континуитет и концепт. Ние сме генерација на политичари кои ја имаме честа но и одговорноста да се…

Posted by Zoran Jovancev on Saturday, 1 August 2020

Исто така и потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Слободан Ивановски, сподели статус на својата Фејсбук страница во кој истакнува дека брендот ВМРО- ДПМНЕ го посакувале многумина, мислејќи дека преку тој бренд ќе си ги задоволат своите лични интереси.

Сепак брендот им припаѓа на членовите и на сите оние кои изминативе години чесно и искрено работеа за партијата борејќи се против двоецот Заев-Мијалков, напиша тој.

Целосниот статус може да го прочитате во продолжение.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, и својата политика ја темели исклучиво на волјата и интересите на граѓаните. Брендот ВМРО-…

Posted by Слободан Ивановски on Saturday, 1 August 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.