По повод вчерашниот прес одржан од т.н. иницијативен одбор за „Промени во ВМРО- ДПМНЕ“, на кој што беше присутен и актуелниот градоначалник на општина Илинден Жика Стојановски, на последните локални избори избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, општинскиот комитет Илинден на ВМРО-ДПМНЕ во целост се огради од постапките и делувањата на Стојановски, како и од неговите изнесени ставови.

Сметаме дека истите се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не подржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме. Воедно напоменуваме дека ОК Илинден работи и функционира согласно статут, деловник, програмски документи како и донесените одлуки и утврдените политики од страна на органите на партијата: Центалниот комитет, извршниот комитет и Претседстелот на партијата, се вели во реакцијата од ОК Илинден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.