Никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Не е мое да коментирам истрагата за „Рекет“ допрва треба да се докаже кој е виновен, вели Заев.
Според него не во ред на лидерска средба да се бара да се смени Јанева без образложение.
Може да бараат од опозиција да сменам добар министер. Сега Јанева не е таму, се чека закон да се избере нејзин наследник. Сѐ додека не се докаже дека е инволвирана во криминал, стојам зад неа. Порано сѐ ставаше се под тепих. Сега сите се обвинети или осомничени. Никој не е заштитен и спрема секој ќе има истрага ако се огрешил. Законот важи за сите. Дали бил близок до власта или власта го подржувала, сите се исти пред закон. Порано се гинеше за своите, се уценуваа судии. Сега веќе не, вели Заев. Заев упати во ОЈО да каже дали некоја странска држава му дала поддршка на бизнисмнот во „Рекет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.