Состојбата со епидемијата на Ковид-19 во Охрид станува крајно алармантна. Во болницата во Охрид се хоспиталирани 91 лице со ковид-19, а до крајот на денот, по пренамената на нервното одделение, таа бројка се очекува да достигне и до 107.

До синоќа во болницата имаше хоспитализирано 64 пациенти позитивни на Ковид-19 со сериозна клиничка слика, а во текот на изминатото деноноќие хоспитализирани се нови 27 лица, со што бројката на хоспитализирани пациенти достигна 91 лице.

По наредба на директорот на охридската болница, д-р Горан Балески, денеска се празни нервното одделение во болницата. Пациентите од тој оддел се префрлаат на одделот на урологија, со што на располагање се ставаат дополнителни дестина кревети.

Карактеристична слика за сите хоспитализирани пациенти со Ковид-19 е дека сите имаат двострана пневмонија пропратена со високи температури.

Тешка е состојбата и на лекарите и медицинскиот персонал кои работата без одмор и веќе се исцрпени, поради што мора да помогнат и лекарите од другите болници кој до сега немаат ниту еден ковид пациент, а се интернисти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.