Граѓанското здружение Охрид SOS со отворено писмо повикуваат да се почитува Законот за слободен пристап до информации во Општина Охрид.

ШТО КРИЕ ОД ЈАВНОСТА СЕКТОРОТ ЗА УРБАНИЗАМ ВО ОПШТИНА ОХРИД?!

#ОхридЅОЅ будно и постојано го следи (не)работењето на институциите и досега сме поднеле огромен обем на претставки, иницијативи за инспекциски надзор, стотици страници коментари кон планови, стратегии, предлог-закони.
Клучен дел од сите тие институционални процеси што ги водиме целосно волонтерски, се информациите од јавен карактер. Институции што одбиваат да дадат основни информации се институции што НЕ работат законски.
Секторот за урбанизам во
Општина Охрид
е еден од најлошите. Иако службеното лице задолжено за слободен пристап од Општината работи професионално и го дава својот максимум да ни ги обезбеди бараните информации и доставува ургенции до Секторот за урбанизам – ЏАБЕ! Тој сектор никако не реагира додека не поднесеме жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Што е најстрашното во целата приказна? Според чл. 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер казните за необезбедување информации се предвидени за службеното лице задолжено за слободен пристап, а не за службениците кои на тоа лице не му ги доставуваат потребните информации за да си ја врши работата! Самата формулација на членот од законот олеснува затвореност и корупција зашто нема механизам за санкционирање на затворените и на корумпираните.
Го повикуваме
Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид
ВЕДНАШ да постапи во рамки на своите надлежности и по службена должност да ги санкционира сите лица од Секторот за урбанизам кои ја оневозможуваат работата на лицето задолжено за слободен пристап до информации од јавен карактер! Според Законот за локална самоуправа градоначалникот има ОБВРСКА да се грижи за почитувањето на законите и на правата на граѓаните во рамки на општината која ја води!

ШТО КРИЕ ОД ЈАВНОСТА СЕКТОРОТ ЗА УРБАНИЗАМ ВО ОПШТИНА ОХРИД?!

#ОхридЅОЅ будно и постојано го следи (не)работењето на…

Posted by Охрид SOS on Thursday, March 11, 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.