Воведување на забрана за влез на жители од други градови во Охрид и засилување на контролата врз движењето на локалните жители при влез и излез од градот бара од Владата, Охридскиот кризен штаб. Мерката е неопходна за да се оневозможи посета на градот за туристички, верски и рекреативни цели во периодот што претстои, вели градоначалникот Константин Георгиевски.

Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна, вели Константин Георгиевски, градоначалник на општина Охрид.

Според локалните власти воведувањето на мерката значително ќе го намали ширењето на вирусот во туристичкиот центар.

Во Охрид досега се регистрирани само четворица позитивни граѓани на Ковид 19, додека во Струга бројката на ново заболени секојдневно расте и засега таму до денеска евидентирани се вкупно 33 случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.