Охрид мора да биде убав, да направиме од градот убаво и квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани. Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, најавува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Митре Милошевски.

Тој денеска истакна дека градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување. Новиот и модерен плоштад, според него ќе биде гордост на охриѓани и туристите, а културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад.

Охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време. Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот.

Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат. Затоа ние нема да застанеме тука со уредување и реконструкција на плоштадите, како и со реализацијата на многу други проекти од Програмата, потенцираше Милошевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.