Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на Охрид на средба со охриѓани. Пред симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски констаатира дека во овој град добро се чувствува заевизмот по неподносливата сиромаштија, криминалот и корупцијата која расте и го јаде нашето општество.

Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет, видлива е нејзината неспособност и запрепастувачко незнаење, напиша лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по средбата.

Охрид е на маргините на внимание на власта, нема перспектива, нема нови инвестиции, констатира Мицкоски.

Единствените странски компании се оние кои се пристигнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сегашната власт стигна дотаму и да лажат за нивото на странските инвестиции. Она што го прикажуваат за рекордно ниво е всушност данокот на добивка на компаниите кои е прикажан поради данокот кој го зголемија на почетокот на годината. Реалните инвестиции се неколкукратно помали, вели Мицкоски.

Тој потсети дека капитални инвестиции има од само 1 отсто раст.

Луѓето не живеат подобро, Македонија не оди напред. Неправдата е главниот двигател, а страдаат недолжните, оние кои чекаат живот тој никако да дојде. Охрид не заслужува да е на маргините, и треба да е во центарот на вниманието. Затоа потребно е да ја победиме оваа неправда и да се избориме за честита Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.