Министерот за здравство Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека оргомен процент од медицинскиот персонал е заразен надвор од работните места или од контакти помеѓу вработените на работното место.
Тој додава дека за тоа доказ е Инфективната клиника каде се лечат најмногу пациенти, во моментов стотина, а од вчера се примаат пациенти и во монтажната болница.
Тука има посебен тим лекари и медицински сестри и практично нема заразен лекар, а тоа се лекари и сестри кои работат од самиот почеток со пациентите болни од Ковид-19. Значи со доследно придржување до употреба на заштитните материјали апсолутно секој може да се заштити, посочи Филипче.
Претходно и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски обвини дека медицинските лица заболуваат од коронавирус бидејќи не знаат да ја користат заштитната опрема и прават пауза за цигари и ја користат истата опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.