Караванот „Најдоброто за нашата општина“ на СДСМ вчера помина низ Тетово и тетовско. Претседателот на партијата прво се сретна со граѓаните на Брвеница и Желино, а во Јеловјане, пак, го пречекаа со зурли.

Во Тетово Заев истакна дека СДСМ обезбеди сериозна помош за општините, прво 50 милиони евра за раздолжување, а потоа, преку разни програми вложувања од 500 милиони евра во реализација на над 7.000 проекти, секој од нив важен за граѓаните.

Меѓу тие над 7.000 проекти се и изградба на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов училишен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, изградба на патот Благоја Тоска, реконтрукција на СОУ Кирил Пејчиновиќ, наведе Заев.

Како и секој митинг во оваа кампања, и овој заврши со огномет, што предизвика многу реакции кај јавноста.

Заев вчера одби да зборува за трагедијата од која не помина ни месец дена.

Дозволете да изразам уште еднаш тага и жалење и сакам да испратам сочувство до семејствата. Информирањето за трагедијата оди преку институциите, и така треба да биде. Јас вечерва нема да ја злоупотребам оваа тема, за партиски изборни цели како што тоа го прави противникот. Затоа нема да зборувам уште за тоа и уште еднаш изразувам жалење, споделувам тага за настанот кој длабоко не погоди, рече Заев и продолжи со анегдотите поврзани со бракот и разводот.

Неодамна за прашањата околу истрагата, премирот посочи дека – животот продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.