Кабинетот на претседателот Пендаровски се огласи откако вчера беа објавени огласи за продажба на Мерцедеси фотографирани пред Вилата Водно

Оттаму велат дека се работи за возила кои не се во сопственост на Кабинетот, ниту во употреба за претседателот, службите за негова поддршка, или пак во сопственост на вработените во Кабинетот.

Според информациите со кои располага Кабинетот на претседателот, се работи за возила на сопственик на компанија ангажиран од страна на ОБСЕ/ОДИХР, при средба на шефицата на ОБСЕ/ОДИХР мисијата за набљудување на изборите во март 2020 година со претседателот Пендаровски.

Фотографиите се направени без дозвола и знаење на кабинетот на претседателот, а против лицето ќе биде поднесена пријава за недозволено фотографирање на претседателскиот кабинет. Воедно ќе бидат информирани и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.