Согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни работи и за полиција и подзаконските акти, Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место – полицаец, соопшти министерот Оливер Спасовски.
Во СВР Скопје ќе бидат примени 100 полициски службеници, а во секторите во Струмица, Охрид и Битола по 50, а предвидени се вработувања и во регионалните центри за гранични работи, како и Единицата за брзо распоредување.
Погледнете го огласот тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.