Алијансата за Албанците и Алтернатива заедничко ќе настапат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Преку едно јавно обраќање лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, потврди дека од страна Африм Гаши, претседател на политичката партија Алтернатива, добиле писмена согласност за предизборна коалиција за изборите на 12 април.
За жал одговор од другите партии немаме. Од овој момент ние имаме предсогласност за коалиција за 12 април. Враќање назад веќе нема. Како претседател на Алијансата за Албанците, Ве информирам дека ние со Алтернатива ќе имаме коалиција. Во меѓувреме ние остануваме отворени за сите други странки кои се заинтересирани за да го засилат и соединат албанскиот глас и да ја максмимализират албанската понуда во изборите на 12 април, но и во период после 12 април, изјави Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.