Седницата за гласање недоверба на Владата е закажана за в четврток откако вчера до него ваква иницијатива со потписи од 61 пратеник поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица.

Вчера во Собраанието се одржаа повеќе средби, Џафери го повикал премиерот Зоран Заев на средба во Собранието, а таму беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Се сретна и Ахмети и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на барање на претседателот на ДУИ

Покрај шпекулациите кои деновиве кружат од разни политички страни, каде се говори дека нема доволно потписи за рушење на Влада, вистината е дека потписите се собрани.

Сепак, ова е официјалниот документ кој говори дека се собрани 61 потпис за рушење на Владата на Заев и Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.